Курти објави видео од движења на српски специјалци: „Србија намерно провоцира“
Косовскиот премиер Албин Курти објави дека вчера, на неколку метри од границата на Србија со Косово, било забележано движење на специјални единици на српската армија.
Покрај видео клипот објавен на неговата официјална страница на Фејсбук, Курти напиша дека оваа акција на српските сили уследи откако претседателот на Србија, Александар Вучиќ јавно му се закани на Косово, со пораката дека „Србија го чека најдобриот можен момент“ за да се избори „за својата кауза“.
Курти вели дека припадниците на српските сили се видени во близина на селото Бање во Зубин Поток, додека слични движења се регистрирани и во селото Осларе во Бујановац, во близина на границата со Косово.
Според косовскиот премиер, вооружените сили на Србија користат наводни редовни вежби, како изговор за да предизвикаат намерни провокации во близина на границата со Косово.
Внимателно набљудуваме дали ќе се обидат да ја преминат границата, бидејќи ваквото приближување на нивните воени возила не е нормално, напиша Курти.
Ново на Сител
-
Мицкоски на средба со иселеници во Њу Џерси
-
Седница на ЦУК за координација на системот за управување со кризи
-
Охрид: Неопходна е заедничка соработка за заштита на регионот
-
Струмица: Потребни се законски измени за третманот на бездомните кучиња
-
Преглед на вестите од светот
-
Колку се изводливи заканите на Трамп за царини и даноци за трговските партнери?
-
Тема на денот со Иво Рангеловиќ
-
Собранието ги поправи и потврди измените на кои Силјановска стави вето