Курц: Топло го поздравуваме Договорот меѓу Скопје и Атина
Договорот меѓу Скопје и Атина покажува дека упорните преговори и дипломатијата носат резултат, вели канцеларот на Австрија, Себастијан Курц во интервју за грчкиот весник „Катимерини“ и ја потенцира австриската поддршка за европската перспектива на земјите од Западен Балкан.
-Топло го поздравуваме договорот меѓу двете страни. Покажува дека упорните преговори и дипломатијата носат резултат. За Австрија, регионот на Западен Балкан е основен приоритет во нашата надворешна и европска политика, но и на нашето претседателство со ЕУ. Ја поддржуваме линијата на комесарот за проширување, Јоханес Хан. Обезбедувањето чесен и веродостоен пат кон ЕУ за земјите од Западен Балкан им служи на нашите интереси на безбедносно, политичко и економско ниво, вели Курц.
Австрискиот канцелар за „Катимерини“ коментира дека треба веднаш да запрат преговорите меѓу ЕУ и Турција, бидејќи „Турција во изминатите години се оддалечува од Европа и од европските вредности“, пренесува дописничката на МИА од Атина
Ново на Сител
-
Има ли Македонија функционален систем за социјално-ранливите семејства?
-
Тема на денот со Синиша Пекевски
-
Железницата Куманово-Бељаковце е пуштена во употреба
-
Преглед на вестите од светот
-
Близначиња починаа од глад и студ
-
Надзорот за смртта на 9-годишното дете е во тек - Политичките партии со меѓусебни обвинувања
-
Дел од маркетите ги замрзнаа цените на дел од основните производи во следните шест месеци
-
Синдикатот на УПОЗ бара средба со Владата