Курц: Со милион дози Спутник В, можеме побрзо да се вратиме во нормала
Австрија во борбата против коронавирусот е се поблиску до склучување договор за набавка на руската вакцина Спутник В.
На тоа укажува и денешната објава на австрискиот канцелар Себастијан Курц на социјалните мрежи.
– Со милион дози на Спутник В би можеле побрзо да се вратиме во нормала, напиша Курц на својот фејсбук-профил.
Иако Европската агенција за лекови (ЕМА) се уште нема дадено одобрување за руската вакцина, Австрија очевидно одлучила да започне билатерална набавка.
Во Виена вчера е потврдено дека се размислува за набавка на еден милион вакцини Спутник В, а првите пратки би можеле да пристигнат следниот месец.
Курц претходно порача дека е единствено важно во оваа борба вакцината да биде ефикасна и безбедна, а не каде е произведена.
Тој за денеска најави средба со рускиот амбасадор во Австрија, Дмитриј Љубински.
Ново на Сител
-
Филипче ги поддржува барањата на ССМ за 500 евра минималец, негира дека стои зад протестите
-
Преглед на вестите од светот
-
Законски измени за забрана на пиротехника во затворен простор и драстично повисоки казни
-
Тема на денот со Орце Ѓорѓиевски, претседател на ЗЕЛС и градоначалник на О. Кисела Вода
-
Тренчевска: 12 илјади пензионери нема да добијат покачување на пензиите
-
Без ефикасен систем за управување со отпад, државата ризикува од поголеми финасиски и еколошки штети
-
По две недели, трагедијата во Кочани во центар на вниманието на пратениците
-
Распит на сведоци и вештачења за пожарот во Кочани