Курц: По сето ова, светот ќе изгледа целосно поинаку

Aвстрискиот канцелар Себастијан Курц оцени дека ефектите од новиот коронавирус ќе се чувствуваат многу месеци и дека по борбата со овој вирус, светот ќе изгледа целосно поинаку..
Курс го критикуваше недостигот на соработка меѓу државите.
– Во Европа гледаме дека нема солидарност кога нештата стануваат сериозни и тоа ќе доведе до многу дискусии по кризата, рече тој.
– Вирусот, на долг рок, ќе има последици на тоа како се однесуваме едни кон други и како ќе живееме, колку сме внимателни. Исто така, глобализацијата сè повеќе ќе се анализира, рече тој.
Курц во интервју за „Кроне.ТВ“ рече дека ќе биде потребно уште „многу, многу долго време“ додека Австрија да може да се врати во „нормала“. Тој вели дека училиштата најмалку четири седмици ќе бидат затворени.
– Не останаа уште многу работи кои можат да се преземат, потенцира Курц, потесетувајќи дека е веќе воведено ограничена слобода на движење, затворање на училишта и локали. Тој изрази надеж дека мерките ќе дадат резултат и апелираше на граѓаните долго да издржат, инаку болеста веднаш ќе се врати. – Ограничувања од еден или два дена – не носат ништо, потенцира Курц.
Ново на Сител
-

Рокас му го презентираше извештајот на Мицкоски
-

Орце Ѓорѓиевски ја презеде функцијата, вечерва стартува чистењето на Скопје
-

Владина реконструкција по партискиот конгрес на ВМРО-ДПМНЕ – Нема место плус за ВРЕДИ
-

Средба Мицкоски - Рокас во Влада
-

Македонија и Бугарија го потпишаа договорот за изградба на железнички меѓуграничен тунел
-

ИЈЗ: За една недела пријавени 94 случаи со грип
-

Сведок во Онкологија: Преку пријатели добивавме терапија од Нино Васев
-

Последни заклучоци пред новата стратегија за образование да биде спакувана во финален документ
