Курц и понуди помош на Португалија, ќе ги презема сериозно болните од коронавирус
Австрискиот канцелар Себастијан Курц денеска и понуди помош на Португалија во борбата против пандемијата на коронавирусот, преземајќи тешко болни пациенти.
Во телефонскиот разговор со неговиот португалски колега Антонио Коста, чија земја беше сериозно погодена од вирусот, Курц понуди да ги преземе сериозно болните Ковид пациенти.
Деталите за помошта, како што нагласи Кабинетот на австрискиот канцелар, треба да бидат договорени со португалското Министерство за здравство.
– Пандемијата е голем предизвик за сите земји во Европа. Време е за европска солидарност, да се обезбеди брза и небирократска помош за спасување животи. Австрија веќе презеде пациенти на интензивна нега од Франција, Италија и Црна Гора и ќе преземе тешки пациенти од Португалија, истакна Курц.
Во Португалија, според локалните власти, во моментов има само уште седум кревети на одделенијата за интензивна нега.
Ново на Сител
-

Се укинува Пржинската влада
-

Претседателот Пармелан на средба со премиерот и стопанствениците
-

Се укинува Пржинската Влада
-

Тема на денот со Даниела Иротова Лазарева, директорка на Агенција за финансиска поддршка на земјоделието
-

Ужас во Гостивар - 15 годишник ја силувал помалата сестра
-

Народен правобранител: Системот со сериозни слабости, секое петто дете е жртва на сексуално насилство
-

Треба ли државата да ги забрани социјалните мрежи за децата
-

Собранието решава за техничката влада
