Курц: Бројот на азиланти треба да се ограничи
Австрискиот министер за надворешни работи Себастијан Курц денеска изјави дека треба да се воведе горна граница за бројот на лица кои ќе добијат азил, додавајќи дека го поддржува подигнувањето ограда на надворешната граница на ЕУ.
Тој во интервју за виенскиот весник „Естерајх“ истакна дека е дефинитивно за подигнување ограда на надворешната граница на ЕУ, на пример во Македонија.
- Го сметам моментното подигнување ограда на Шпилберг како неопходно, бидејќи тоа го олеснува управувањето со влезот на бегалците, нагласи Курц.
Шефот на австриската дипломатија изрази целосна поддршка за воведувањето горна граница за бројот на баратели за добивање азил во Австрија.
Според него, Австрија сигурно следната година нема да може да прими толку голем број бегалци како во текот на оваа година.
Ново на Сител
-
Голем пожар во Дрисла
-
Голем пожар во Дрисла
-
Тема на денот со Радмила Шеќеринска, заменик генерална секретарка на НАТО
-
Преглед на вестите од светот
-
Пратеници утре на надзор во АНБ
-
ЈО со обвинение против Хајрулахи и Цветановски
-
СДСМ обвинува за спорен тендер
-
До 29 септември сите службени возила треба бидат со црвени регистарски таблички