Курц: Без доволно добро познавање на германскиот јазик, децата нема да можат да се запишат во училиште

Австриската конзервативна Народна партија инсистира децата кои не зборуваат „доволно добро" германски, да земаат задолжителни часови по јазик како услов да бидат запишани во училиште, изјави нејзиниот лидер Себастијан Курц.
Десетици илјади мигранти од Блискиот Исток, Авганистан и Африка пристигнаа во Австрија во последните две години. Нивната интеграција стана важна политичка тема, а Курц, чија партија е партнер во владината коалиција со социјалдемократите, ја зголеми популарноста поради цврстата позиција кон мигрантите.
Иако нивниот предлог се однесува на сите деца, во јавните дебати вниманието се насочува главно кон децата на мигрантите.
- Децата можат да ја следат учебната програма единствена ако германскиот јазик им е доволно добар, изјави Курц на прес-конференција во Салцбург, каде во пресрет на изборите закажани за 15 октомври, ја претстави образовната програма на неговата партија.
Ново на Сител
-

Доајенот на македонското глумиште замина во легендите, почина актерот Гоце Тодоровски
-

Временските промени опасност за посетителите на планина
-

Преглед на вестите од светот
-

Во Гостивар има техничка вода, но не е за пиење
-

Дополнетиот ребаланс на Буџетот на пленарна седница
-

Нова надеж за повредените штркови
-

Тема на денот со Стојанче Ангелов
-

Нов раст на болни во Гостивар
