Курц: Австрија нема да толерира мешање во внатрешните работи од Ердоган и неговите министри
Австрија нема да трпи мешање во своите внатрешни работи од страна на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган и неговите министри, изјави шефот на австриската дипломатија, Себастијан Курц, во интервју за германскиот весник „Велт ам зонтаг“, цитирано од ТАСС.
-Сосема јасно го отфрлам постојаното мешање на Ердоган во внатрешните работи на други држави, не само на Германија, рече Курц.
„Ердоган се обидува да ги искористи граѓаните од турско потекло, особено во Германија и Австрија, за да го поларизира (општеството) и конфликтите да ги префрли од Турција во ЕУ“, посочи тој.
-Во случај, Ердоган или негови министри, да имаат намера да направат нешто слично за време на претстојните парламентарни избори во Австрија, уште од сега сакам да кажам дека во никој случај нема да трпиме такво мешање, подвлече австрискиот министер.
Ердоган во петокот водечките политички партии во Германија ги нарече непријатели на Турција, и повторно Турците во Германија ги повика да не гласаат ниту за демохристијаните, ниту за социјалдемократите, ниту за зелените, за, како што кажа, да им „даде лекција“ за време на парламентарните избори.
За германскиот министер за надворешни работи, Зигмар Габриел, коментарот на Ердоган е „грубо мешање во внатрешните работи на Германија“.
Ново на Сител
-
Федералниот апелациски суд во Бостон ја оспори наредбата на Трамп за одземање на државјанството по основ на раѓање
-
Поднесено обвинение за убиството на турски државјанин во Штип
-
Аеродромот во Минхен отворен откако втора ноќ по ред беше прекинат ависообраќајот поради забележани дронови
-
Најмногу дожд наврна во Ѓуриште, највисока снежна покривка на Попова Шапка
-
Нови руски напади со дронови врз Украина
-
Герасимовски за Сител: Нова градинка кај Клинички центар и дом за стари лица на Водно
-
Се интензивираат активностите на учесниците на Локалните избори 2025
-
21. „Бела ноќ“ во Скопје