-->
-->
Куп: Шкендија триумфираше над Вардар
-->

Екипата на Шкендија која го брани пехарот во Купот на Македонија попладнево во Скопје на „Националната Арена Филип Втори“ го совлада шампионот Вардар со 3:1 во првиот полуфинален дуел на двата тима. Ова воедно е и реванш на Шкендија за поразот од Вардар пред три дена во рамките на шампионатот на Македонија.
Шкендија поведе во 26.минута со голот од слободен удар на Бесарт Ибраими од 30 метри. Истиот фудбалер во 45+1 минута од пенал зголеми на 2:0 за Шкендија. Вардар намали со удар од белата точка во 51.минута, а стрелец беше Фелипе. Конечните 1:3 ги постави Ферхан Хасани во 76.минута.
Вториот полуфинален натпревар меѓу Брегалница и Пелистер се игра во Штип со почеток во 17 часот.
Реванш полуфиналните дуели се играат на 19.април.
фото:www.fkvardar.com.mk
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Почина актерката Ленче Делова
-

ЦУК со вонредни информации за поплавите, се интевернира на критичните места
-

Мицкоски од Минхен: За Македонија членството во ЕУ не е милост, одамна е заслужено
-

УХМР: Најмногу дожд во Гевгелија, Штип и Попова Шапка
-

Идентификуван и уапсен сторител на разбојништво во Штип
-

Силекс од 1:0 до победа од 2:3 во Струга
-

ЦУК: Евакуирани 180 лица од поплавени куќи во Кичево, во Беловиште заглавени две деца со мајка
-

ЗОИ 2026: Атанасовска не ја заврши првата трка во велеслаломот, води Брињоне
