Фудбал
30. September 2015 - 17:53

Куп на Македонија: Победи на Силекс, Работнички, Шкендија, Хоризонт ...

 

Попладнево беа одиграни првите средби од осминафиналето на фудбалскиот Куп на Македонија.

Значајна победа на гостински терен оствари Силекс кој во Боговиње со 2:1 ја победи Ренова. Сигурен настап имаа и прволигашите, Шкендија, Работнички и Хоризонт Турново

Резултати од првите осминафинални натпревари во Куп на Македонија

Шкендија - Металург 2:0
Македонија ЃП - Љубанци 3:2
Велазерими - Младост 2:4 
Ренова - Силекс 1:2 
Гостивар - Работнички 0:4
Хоризонт Т. - Скопје 3:1
Брегалница - Шкупи 2:0
 
Последниот меч започна од 17 часот, во кој на полувремето Вардар има убелива предност од 3:0 против Пелистер.