-->
-->
КУП: Финале Милан-Јувентус
-->
Драмата во полуфиналето на купот на Италија помеѓу Лацио и Милан ја решија пеналите а посреќни беа гостите кои славеа со 5-4 на Олимпико и изборија финале со Јувентус на 9.мај.
Пеналите дојдоа откако напаѓачите на двата тима не постигнаа ниту еден гол на двата полуфинални меча и откако и по 120 минути игра немаше промена на резултатот.
Триумфот на „росонерите" им го донесе Алесио Ромањоли со погодокот во седмата серија, на другата страна трагичар за Лацио беше Рамос Марчи, кој го промаши последниот пенал за својот тим.
Јувентус ќе го игра 18. финале и има 12 трофеи додека за Милан ова ќе биде 14-то финале и битка за 6.трофеј.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Првомајска честитка од претседателот на СПМ Љупчо Димовски
-
Пендаровски: Човечкиот е најскапоцениот ресурс за секоја држава
-
Митрески: Борбата за работничките права не престанува никогаш
-
Хотелиерите очекуваат одлична туристичка сезона, исполнетоста за празниците повеќе од половина
-
Одбележување на Меѓународниот ден на трудот ширум светот
-
Денеска е Велика среда
-
ЦУК апелира до граѓаните на внимателност при палење оган на отворено
-
Меѓународниот ден на трудот ќе се одбележи со првомајски протест