-->
-->
Куп: Битки за финале
-->

Домаќинот Кожув ќе биде противникот на МЗТ Скопје Аеродром во втората полуфинална пресметка од кошаркарскиот Куп на Македонија што се одржува во Гевгелија. Во последното четврфинале синоќа кошаркарите на Кожув го совладаа Фени Индустри со 68:56.
Победникот беше решен во последните две минути кога домашните кошаркари успеаја да го скршат отпорот на цврстиот Фени Индустри и да слават победа за место меѓу четирите најдобри екипи во националниот Куп.
Најефикасен играч на Кожув беша Брендон Пен со 19 поени, Карло Враговиќ постигна истотолку за кавадаречката екипа.
Кожув како и минатата година за место во големото финале од Купот на Македонија ќе игра против првиот фаворит за трофејот МЗТ Скопје Аеродорм. Овoј дуел се игра вечер од 21 часот.
Претходно, во првото полуфинале од 18:30 часот се среќаваат Карпош Соколи и Куманово.
Како најава на машките полуфинални натпревари ќе бидат полуфиналните дуели кај жените:
13:30 часот: Бадел - Клупски
16.00 часот: Лотос - Студент
Финалните натпревари се играат утре.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со Бобан Милошески, Авалон продукција
-

Преглед на вестите од светот
-

Груби не се чувствува виновен за злоупотребата на 9,7 милиони евра во Лотарија
-

26-годишен скопјанец убиен на „Пластичарска“
-

Дали заладувањето го намали ризикот од западно-нилска треска?
-

Состојба со пожарите
-

Панел дискусија: 8 Септември низ призма на неговите непосредни учесници и сведоци на Вила Водно
-

Музички спектакл за Денот на независноста: Дејвид Гета доаѓа во Скопје
