Кумановското обвинителство води истрага за убиство при семејно насилство
Определена мерка притвор во траење од 30 дена за 40 годишниот кумановец кој е осомничен дека го лишил од живот неговиот 65 годишен татко, со што сторил кривично дело, убиство од член 123 став 2 точка 2 од Кривичниот законик, соопштија денеска од обвинителството.
Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Куманово доставил предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице кој судијата го прифатил и донел решение со кое определи мерка притвор во траење од 30 дена, оценувајќи дека лишувањето од слобода е законито
– На 12 јануари, во попладневните часови, на улицата „438“ во Куманово, осомничениот влегол во собата во која престојувале неговите родители, зел кујнски нож и без да биде забележан од мајка му, дошол до креветот на кој спиел неговиот татко и со ножот го прободел во пределот на вратот од левата страна. Како резултат на здобиената повреда, оштетениот обилно искрвавил и починал, а осомничениот заминал во соседната соба каде останал до пристигнувањето на полициските службеници, велат од обвинителството.
Претходно, со цел расчистување на настанот ЈО издаде наредба за обдукција на починатиот и вештачење на сите траги пронајдени и подигнати на лице место.
Ново на Сител
-

Со пиштол сопреле автомобил и ограбиле татко и син кај Сарај
-

Вработени во МВР останаа без здравствено, ФЗО вели дека не им се платени придонесите
-

28-годишен тетовец ги пријавил баба му и дедо му дека му украле 3,5 милиони денари
-

Хорор во Шутка: Улично куче искасало 18-месечно дете, родителите бараат итна реакција
-

МВР: Приведени три лица, расчистено пукањето од 8 август во тетовскиот регион
-

„Вашингтон пост“: Трамп тајно ја напуштил Турција со трет авион поради иранска закана
-

Поранешниот сириски претседател Башар ал Асад во отсуство осуден на смртна казна
-

Град во Италија воведе казни до 500 евра за сопствениците на кучиња кои нема да ја исчистат нивната урина
