-->
-->
Кумановскиот градоначалник упати сочувство до трагично загинатиот полициски службеник
-->

Градоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски, денеска, изрази сочувство до семејството на трагично загинатиот полициски службеник Виктор Цветковски.
– Неизмерна е болката и тагата и нема зборови што можат да Ве утешат во овие моменти. Со длабоко жалење ја примив веста за тешката сообраќајна незгода и трагичната смрт на еден млад човек. Во овие тешки моменти за вас и вашето семејство, сакам да Ви изразам искрено сочувство за загубата на нашиот сограѓанин, професионалец во својата работа, син, сопруг и татко. Нека почива во мир, пишува меѓу другото Димитриевски.
Полицискиот службеник загина, приправник беше повреден, повредени беа уште три лица во сообраќајна несреќа што се случи утрото помеѓу саботата и неделата во Куманово, откако во нив удри возило „мерцедес“ управуван од 40-годишен возач во алкохолизирана состојба.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Судење за случајот „Онкологија“, одбраната смета дека доаѓаат погрешни сведоци
-

За еден месец “Клексан” во аптека со рецепт
-

Македонија одбележа 25 години од резолуцијата 1325 на ОН - „Жени, мир и безбедност“
-

Преглед на вестите од светот
-

Филипче: Гласајте по сопствено убедување
-

Серија проекти и мерки по изборите
-

Сиљановска: Жените да бидат вклучени во процесот на одлучување
-

Заплениети 130 килограми марихуана на Табановце
