-->
-->
Кумановската гимназија ја одбележа 113 годишнината од смртта на Гоце Делчев
-->

Кумановската гимназија „Гоце Делчев“ денеска одбележа 113 години од смртта на патронот и 71 години успешно постоење и работа на училиштето.
Пред бистата на македонскиот револуционер и херој во дворот на гимназијата, делегации од општината, претставници од политичките партии, граѓански здруженија, ученици, положија цвеќе и му оддадоа почит на идеологот на македонското национално движење од крајот на 19-тиот и почетокот на 20 век.
- Токму на овој ден загина великанот на македонската револуција.Горди сме што го носиме неговото име, рече директорот на кумановската гимназија, Горан Димитријавеиќ, подвлекувајќи меѓу другото дека во гимназијата учат 1.120 ученика распоредени во 41 паралелка.
По повод патрониот празник, гимназијата денеска организираше изложба и промоција на постигнатите успеси на учениците за тековната година, во чест на 113-те години од загинувањето на револуционерот и визионерот Гоце Делчев, кој загина на денешен ден 1903 во борба со турската војска кај селото Баница.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тошковски: Се уште се непознати мотивите за палење на автомобилите на бугарската амбасада
-

СДСМ: Бесплатно образование, модерни вештини, повеќе шанси за младите
-

60 матуранти фатени како препишуваат
-

Народната банка благо ја затегна монетарната политика и ги зголеми каматите за 0,25 процентни поени
-

Од идната недела стартуваат мерките на Оперативниот план тежок 40 милиони евра
-

Се удави 20 годишно момче во Охридското Езеро
-

Поштата во Струмица доби шест нови возила
-

Земјоделски експерти - битката за здрава храна почнува од нивата
