Кумановската болница го реновираше стариот ургентен центар
Кумановската општа болница со сопствени средства го реновираше стариот Ургентен центар што се наоѓа непосредно до новоизградениот. Претходно, во овој центар се создаваше метеж, но по изградбата на новиот центар се ослободи дополнителен простор за работа и прием на пациентите. Во рамки на центарот функционира дневна болница, а има и добра поврзаност со новиот ургентен центар.
– Во новиот ургентен центар доаѓаат ургентните хируршки состојби, трауми, акутни страданија што се во домен на хирургијата .Овде доаѓаат и други ургенти состојби дали станува збор за акутни миокардни инфаркти, дали за ургентни состојби кај децата, се она што е итно, а што не можело да биде згрижено кај матичен лекар. Опремана е мини болница што ќе понуди соодветни услови за пациентите, изјави директорката Снежана Захариева.
Во стариот ургентен центар има доволен број лекари, а дел од нив ќе заминат и на специјализација.
Од денеска во болницата функционира и нов наплатен паркинг центар со два влеза. Целта е да се намали метежот што се создаваше на влезот и излезот од болницата.
– Ова е фреквентна болница во која доаѓаат итни случаи не само од Куманово, туку од целиот Североисточен регион. Сега имаме два влеза, едниот за влез на службени возила, а другиот за возила на пациентите кои доаѓаат во нашата болница. Излезот е на друга страна, појасни Захариева.
Ново на Сител
-
Турски државјани натепале скопјанец на Бит Пазар
-
В недела предвремени парламентарни избори во Бугарија
-
ИЈЗ: Три случаи на конго-кримска хеморагична треска, еден случај на морбили
-
ЦУК: Турист од Холандија удрил во камен во Охридско Езеро, пренесен во болница
-
Во текот на 2023 година во земјава се родиле 14 деца од мајки помали од 15 години
-
Столтенберг: Украина има право да напаѓа цели во Русија
-
Вучиќ: За мене изборите завршија, ќе има многу важни одлуки на Сесрпскиот собор
-
Османи за експропријациите на север: Косово го испочитува законот, на сојузниците да им се објасни детално