Куманово град со најниска сообраќајна култура, жртвите во сообраќајот секојдневни
Куманово е град низ кој дневно минуваат илјадници возила претежно кои доаѓаат преку северната граница на државата. И не случајно кога се зборува за Куманово се потенцира неговата местоположба и улогата на овој град кој важи за главна сообраќајна артерија по Вардарско моравската долина. Во Куманово токму сообраќајот е проблем број 1 за граѓаните. Нетрпеливи возачи, нервозни пешаци, непрописно паркирани возила, узурпирани тротоари, исклучени семафори. Инфраструктура која несоодвестува согласно бројот на жители и автомобили кои секојдневно циркулираат во градот.
Граѓаните вината ја гледаат пред се во локалната самоуправа а потоа и во самите нив. Сообраќајна култура речиси и да нема во овој град сметаат тие. Во недоатиг на паркинг места, автомобилите ги паркираат кај ќе стигнат. Секој гледа само за себе, запират и на сред булевар за да завршат некоја работа. Од утро па до мрак метежот е со ист интезитет.
Иако граѓаните решението го гледаат пред се во локалната власт, оттаму не сакаа воопшто да одговорат каде е проблемот и дали некогаш планирале да изнајдат решение за сообраќајниот хаос во градот.
Според статистиката, очигледно казните не даваат ефект. Од СВР Куманово велат, полицијата пред се се обидува да делува превентивно и едукативно кога се во прашање сообраќајните прекршоци.
Решението е сепак во локалната власт.
Сообраќајниците во Куманово се проектирани во некое време кога во градот имало 5 до 6 илјади возила. Денес е поинаку, во Куманово секојдневно се движат повеќе од 25 илјади автомобили. Општина Куманово е втора по големина во државата но и по број на жители, кои за жал немаат услови за нормално движење во градот. На овој проблем влијаат и дивите продавачи пред зелениот пазар.
Надлежните повеќе пати ги отстранувале но тие повторно се враќаат, бидејќи како што велат бараат место на пазарот каде регуларно ќе ги продаваат своите продукти.
Спроти пазарот е и средното училиште. На булеварот особено во четврток и недела кога се и пазарни денови во градот сообраќајот е целосно блокиран.
Ново на Сител
-
Тешко повреден скопјанец - Избоден со нож поради недоразбирање во сообраќајот
-
Албанската полиција на граничните премини годинава запленила непријавени над 2,3 милиони евра
-
Зеленски: Под администрацијата на Трамп, војната во Украина ќе заврши побрзо
-
Семејна драма во Аеродром – Со нож ѝ се заканувал на сопругата
-
Лица од Бангладеш дошле да работат во Скопје, па му избегале на директорот
-
Пронајдено мртво тело во Центар
-
Гостивар: Маж со секира се обидел да си ја нападне сопругата
-
Мицкоски: Важно е состанокот со банките за унгарскиот заем да заврши успешно