-->
-->
Кумановец извршил кражба во маркет, а потоа се заканувал на директорка на Центарот за социјални работи
-->

Кумановец извршил кражба во маркет, а потоа се заканувал на директорка на Центарот за социјални работи, информираше денеска СВР Куманово.
Настанот се случил вчера, а во полицијата пријавил вработен во маркет на улицата „Христијан Тодоровски Карпош“ кој кажал дека непознато лице влегло во маркетот и извршило разбојничка кражба.
По преземени мерки Ф. Н. бил приведен во СВР Куманово и му бил одземен нож.
Во меѓувреме, било пријавено дека, после разбојничката кражба во маркетот, Ф. Н. заминал во просториите на директорот на Центарот за социјални работи Куманово, каде што и упатил закани по животот. По целосно документирање на случаите, кумановската полиција ќе поднесе соодветен поднесок против Ф. Н.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Нови пожари во Кавадаречко
-

Тема на денот со Максим Димитриевски, лидер на ЗНАМ
-

Се реактивираше големиот пожар во Кавадаречко
-

6 нови сомнителни случаи на западно-нилска треска
-

МЗ: Eпидемиолошката состојба во Гостивар е стабилна
-

СДСМ: Власта си игра со здравјето на граѓаните
-

Вонреден инспекциски надзор во три болници по случајот со парализираната родилка
-

Приведена кратовчанка за напад на туристи на Куклица
