Кумановци чистеа смет, цврст отпад по повод Светскиот ден на чистење
Приближно двеста кумановци, ученици, граѓански здруженија, волонтери чистеа денеска во близина на средното училиште „Перо Наков“. Граѓаните и волонтерите со поддршка на јавното претпријатие „Чистота и Зеленило“ изнесоа огромни колични отпад и смет кој го флраат несовесни граѓани, ја косеа тревата и го уредија прострот на дел од булеврот „Октомвриска револуција“.
Акцијата за чистење се организира преку работната група составена од повеќе членови, инстуции, установи од Куманово која е содзадена на псоледниот локален совет за превенција кој го организираше општина Куманово и СВР Куманово, преку отсекот за превенција.
-Ова е еден начин да го изразиме нашиот револт од се поголемите количини на смет, ѓубре кои ги има во нашиот град. На овој начин апелираме до сите, до граѓаните, поединците, установите, институциите дека мора да се почитува животната околина-изјави Драган Чунгурски, координатор на работното тело.
Ова тело во идниот период ќе прибира предлози и идеи за креирање акциски план со кој општината ќе се справува со „дивите“ депонии, загадувањето и уништувањето на јавниот имот. До донесувањето на Акцискиот план во октовмри, надлежните институциите и здруженијата на граѓани ќе организираат повеќе акции за чистење кој треба да биде донесен до октомври. Покрај акции за чистење ќе се организираат и други настани за да се подигне јавната свест кај граѓаните за зачувување на околината.
Покрај, вакви акции за чистење, меѓу заклучоците што беа донесени неодамна и е општината да најде можност и да воведе дежурства на комунални инспектори и редари за поефискана контрола.
Ново на Сител
-
ДЗС: За 15 проценти помалку сместени ученици и студенти во интернатите и домовите
-
Две екипи на ТППЕ Куманово уште го гасат пожарот на улицата „Инудстриска“ во Куманово
-
Сашко Кедев е првиот Македонец кој ги има искачено сите 14 врвови во светот високи над 8.000 метри
-
Едно и полгодишно дете паднало во базен во прилепско, пронајдено бесвест од неговите родители
-
Почнува реконструкција на гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“ во Тетово
-
Автобус на ЈСП се запалил во движење, го изгасил возачот но завршил во болница
-
Струга ќе добие Центар за аутизам, третманите ќе бидат бесплатни
-
Дополнетиот ребаланс на Буџетот утре на пленарна седница