Културно-едукативен хепенинг Кокино – тврдина на Сонцето
Културно-едукативен хепенинг „Кокино-тврдина на Сонцето“ со организирани едукативни тури до опсерваторијата, предавања од областа на астрономијата, поетско читање, работилници за керамика, филигран, компостирање, оригами, и настапи на Мухамед Ибраими, Фолтин и Кирил Џајковски се реализира вчера на мегалитската опсерваторија Кокино.
Хепенингот е во рамки на проектот на Владата и Министерството за култура „Кокино-македонски бренд“ и имаше хуманитарен карактер, а сите донирани средства од посетителите се наменети за жителите од поплавените подрачја. Организатор на настанот беше продукцијата „Пасворд“.
Министерката за култура Елизабета Канческа Милевска при синоќешната посета на Кокино рече дека особено радува фактот што настанот предизвика голем интерес кај јавноста, а она што е од голема важност е што настанот има хуманитарен карактер и сите донирани средства од посетителите се наменети за жителите од поплавените подрачја.
- Во наредниот период планирани се активности за доопремување и оградување на локалитетот, изградба на пристапна патека за посетителите, поставување заштитни огради на дел од патеките, изградба на Центар за посетители во кој во иднина ќе се реализираат разновидни содржини, семинари, работилници, изложбен простор, сувенирница и ресторан. Проектот „Кокино –македонски бренд“ ќе се одвива во период години, до 2018 година и уверена сум дека силно ќе го промовираме Кокино во меѓународни рамки и дека ќе создадеме услови за негова одржливост што од друга страна ќе има и економски придобивки за Македонија, рече Канческа Милевска.
Потсети дека претходно како дел од четиригодишниот проект на Владата и Министерството за култура „Кокино–македонски бренд“ во Археолошкиот музеј на Македонија беше одржан Меѓународниот научен симпозиум на тема „Кокино – археолошки и астрономски аспекти – паралели и искуства“ и изложба на фотографии од локалитетот Кокино видени низ објективот на еден од најистакнатите македонски фотографи Љупчо Илиевски, додека Музејот во Куманово ја реализираше изложбата „Кокино – тврдина на Сонцето“ на која беа презентирани околу 150 артефакти откриени за време на археолошките истражувања на овој локалитет.
Според НАСА, Кокино се наоѓа на високото четврто место на најстарите опсерватории во светот.
Ново на Сител
-
Саша Поповиќ се лечел во Париз, за болеста дознал случајно откако скршил нога
-
Руте побара од Зеленски да ги поправи односите со Трамп
-
Дуда: Украина треба да се врати на преговори со Трамп
-
Почина Саша Поповиќ, основачот и директор на Гранд продукција
-
Александар Стефанов нов претседател на Ракометната федерација на Македонија
-
Пробале да го легитимираат, а тој со возилото удрил во полициско службено возило
-
Пронајдена дрога во Струмица и Гевгелија, приведени пет дилери
-
По инцидентите на масовниот протест во Атина приведени 220 лица