Македонија
14. September 2015 - 11:09

Културните вредности на Гевгелија презентирани на фолклорна вечер во Банско

Општините Гевгелија и Банско на заедничка приредба што се одржа во градот Банско, Бугарија, ги презентираа културните вредности на општина Гевгелија со одржување етно изложба и фолклорна вечер.

КУД Негорци, заедно со фолклорното друштво од Банско, одржа концерт на кој беа претставени изворни македонски песни и ора, а на етно изложбата на културното наследство на Гевгелија и Банско беа презентирани предмети од археолошкиот локалитет Вардарски рид.

Фолклорната вечер и етно изложбата во Банско беа продолжение од неодамнешното гостување на бугарските фолклористи во Гевгелија. Оваа активност, посочија од општина Гевгелија, е дел од проектот „Заедничка култура, традиции и историја - мост кон нашата Европска иднина“ кој е финансиран од ЕУ преку ИПА програмата за прекугранична соработка.

Во рамки на проектот неодамна во Гевгелија беше извршена реконструкција на покривот на Пионерскиот дом и беше уредена електронска читална за најмладите