Македонија
14. November 2024 - 16:33

Почна собраниската дебата за буџетот за 2025

Буџетот за 2025 година стигна пред пратениците. Власта и опозцијата со различни ставови што тој ќе донесе за граѓаните: раст и подобар животен стандард или пак, поголемо задолжување.

Владата планира наредната година да потроши 6,5 милјарди евра што е најголем буџет до сега. Приходите се планирани пак, на ниво од 5,8 милјарди евра. Дефицитот од 700 милиони евра ќе се покрива со заеми. Економскиот раст се прогнозира на 3,7 отсто, додека инфлацијата да е стабилна на 2,2 отсто.

Министерката Кочовска вели дека со овој буџет најмногу се зголемуваат капиталните расходи, а се намалуваат непродуктивните.

Опозициската СДСМ која поднесе над 200 амандмани вели нема да го гласа буџетот бидејки со него Владата само ги задолжува граѓаните.

Незадоволни од распредлебата се и првите луѓе во праводуството.

Комисиската расправа за буџетот трае најмногу 6 дена. Потоа тој се враќа во Владата, а Собранието конечно треба да го изгласа кон средината на декември.