Куќа на спортот во Македонска Каменица

Во Македонска Каменица денеска е пуштена во употреба Куќата на спортот.
Објектот вреден 18 милиони денари, е инвестиција на Општината. Располага со современи соблекувални, сала за состаноци, простории за технички персонал, фитнес центар и канцелариски простории.
Според градоначалникот Дарко Митевски, проектот е на барање на сите спортисти, посебно на фудбалерите.
- Фудбалерите немаа никакви услови за тренирање, старите соблекувални беа продадени. Последниов период работевме за да овозможиме услови не само за нив, туку и за другите спортски клубови. Очекуваме со оваа инвестиција да се развива и фудбалот како спорт, а ФК „Каменица Саса“ да влезе во Втората фудбалска лига, рече Митевски.
Место во Куќата на спортот, додаде, ќе имаат сите спортски клубови што ќе значи нов предизвик за развој на спортот во општината.
Изведувач на проектот е фирмата „Хит градба Еуростил“ од Македонска Каменица.
Опремата во фитнес центарот вредна 30.000 евра е на РОЦ Саса. Максим Прохоров, директор на инвестиции во РОЦ Саса, потенцираше дека РОЦ Саса, како општествено одговорна фирма, донираше за Куќата на спортот со цел развој на спортот во општината.
- Кога ја добивме иницијативата од Општина Македонска Каменица, одлучивме да инвестираме во опрема на фитнес центарот и со тоа да ги поддржиме сите љубители на спортот, да придонесеме за развој на спортот и здрав живот за младите, рече Прохоров.
По повод отворањето на Куќата на спортот, ветераните од ФК „Каменица- Саса“ и ФК „Вардар“ одиграа ревијален фудбалски натпревар, најавувајќи нова почеток на спортот во Македонска Каменица.
Ново на Сител
-

САД управувале со повеќе од 12 милијарди долари од венецуелска нафта
-

Трамп вели дека сака да го „реши прашањето“ со Куба пред да му заврши мандатот
-

Скопје го одбележува Денот на ослободувањето - 13 Ноември
-

Променливо облачно со сончеви периоди и повремен дожд
-

Тошковски: Жената треба да се чувствува најбезбедно во својот дом, со новиот закон се предвидуваат и електронски алки за насилниците
-

Сиљановска-Давкова на Самитот на ЕПЗ во Даблин: Европа не треба да си дозволи да остане недоволно поврзана со Западен Балкан
-

Трамп: На САД не им треба договор со Иран
-

Трамп се закани со двојно зголемување на царините ако Мексико не го запре мигрантите
