КСС почна кампања за поголеми плати во јавниот сектор

Конфедерацијата на слободни синдикати денеска почна кампања за поголеми плати во јавниот сектор „Пристојна плата за пристоен живот“ која ќе се одвива на социјалните мрежи, посети, собири и конференции во повеќе градови зависно од барањата на членството.
- Ќе кажеме стоп на потценувањето и игнорирањето на јавниот сектор кој веќе стана социјална категорија, стоп за дискриминација и политички притисок во јавниот сектор, за отпуштање од позиција на моќ и вработување на други лица, за притисоците врз синдикалните лидери, рече на прес-конференција претседателот на КСС Благоја Ралповски, не исклучувајќи активностите да прераснат во радикализрано синдикално делување.
Како што истакна, нема да отстапат од барањата за усогласување на платите во јавниот сектор согласно процентот на покачување на минималната плата, покачување на платите во јавната администрација без дискриминација на одредени сектори при следниот ребаланс на Буџетот, за почитување на колективните договори особено во делот на коефициентот за исплата на плата.
Како синдикат, потенцира Ралповски, сме загрижени од притисокот со кој се соочуваат наши членови за зачленување или отчленување од синдикати, закани за казнени мерки ако не се постапува според наредби од моќници, деградирање, манипулирање, психичко вознемирување, упад во синдикални организации, нивно преземање со закани и моќ, бесправно стопирање на членарина на наши правни субјекти, одземање документација на синдикални организации од страна на директори поставени од Владата. Најгруби примери, дополни, е отказот на неколку синдикални лидери вклучувајќи го и претседателот на КСС од позицијата државен службеник, што само по себе праќа порака до членството за нивната моќ, напуштање и уништување на нашиот синдикат и избегнување на законските обврски“.
Одговарајќи на новинарски прашања Ралповски рече дека просечната плата во јавниот сектор изнесува околу 18.000 денари, а најдискриминари се наставници, професори, вработени во градинки, државни службеници.
За проблемите и барањата пред два месеца разговарале со премиерот Зоран Заев, но, укажа, нема подобрување на работите.
КСС повтори дека останува и на барањето за исплата на К-15 во јавниот сектор, но оти нема најава за почнување на преговорите за колективен договор во јавниот сектор и реализација на такво нешто.
Ново на Сител
-

Тошковски: Одговорност ќе се побара од секој кој со извршување или неизвршување бил вклучен го загадувањето на водата во Гостивар
-

Иран: Секоја британска база што ќе ја користат САД ќе биде легитимна цел
-

Приведен возач-почетник, возел двојно над дозволената брзина на автопат со 211 км/чaс | ФОТО
-

Ангелов: Во Гостивар, вчера и денеска испорачани околу 200.000 литри пакувана вода
-

Герасимовски: Со личен пример да покажеме солидарност, прв ќе донирам, ги повикувам и советниците да ме следат
-

Тошковски: Во гостиварскиот водовод се врши плакнење и хиперхлорирање
-

Трамп: Иран ќе се соочи со голема воена казна поради нападите на Хутите во Црвеното Море
-

Еден осомничен за обид за тешка кражба во Скопје
