КСС избира ново раководство, Ралповски единствен кандидат за уште еден мандат
Конфедерацијата на слободни синдикати (КСС) денеска на конгрес го избира новото раководство, а единствен кандидат за претседател е досегашниот претседател Благоја Ралповски.
– Очигледно се задоволни од она што се случуваше во изминатите години. Мислам дека синдикатот го издигнавме на едно повисоко ниво и докажавме дека синдикалното организирање не е мртво, туку напротив го оживеавме и работниците се повеќе веруваат во синдикатот, изјави Ралповски пред почетокот на 5. Конгрес.
Она што останува предизвик за новото раководство на синдикатот ќе биде обештетувањето на синдикалниот имот, борбата за почитување на законите и колективните договори и решавање на судските спорови за работни односи во разумен рок.
– Споровите траат предолго. Работниците се заморуваат и финансиски се исцрпуваат. Затоа, бараме од Владата, пред се судските спорови од работен однос да бидат судени во разумен рок, односно согласно Законот – шест месеци на првостепен суд и три месеци на второстепен суд, истакна Ралповски.
Претседателот на КСС се избира на конгрес и има мандат од пет години со можност за повторен избор.
Ново на Сител
-
Минатата година во Грција биле уапсени 13.000 лица за семејно насилство
-
Во Гази Баба пронајдена 43-годишна скопјанка почината
-
Началникот на царината на Украина под истрага бидејќи не пријавил куќа во вредност од над 100.000 долари
-
Во тетовско приведени девет странски државјанки при контрола на угостителски објект
-
Сашо Дранго ќе биде разрешен доколку се потврди дека ја застрелал мечката, најави Мицкоски
-
Над 3.000 универзитетски професори во Србија ги поддржаа студентите
-
Најмалку пет лица загинаа во зимската бура во САД
-
Александар Тарабунов со нова песна - „Снегови“