Минатата година во Грција биле уапсени 13.000 лица за семејно насилство
– Во 2024 година имавме 13,000 апсења на насилници, оние кои на еден или друг начин биле насилни кон своите сопруги, нивните деца, нивните партнери, многу пати и нивните родители, посочи министерот за заштита на граѓаните на Грција Михалис Хрисохоидис говорејќи за семејно насилство во земјата, јави дописничката на МИА од Атина.
Во интервјуто за телевизијата „Мега“, Хрисохоидис истакна дека овие 13,000 апсења се во околу 20,000 случаи, за што нагласи дека „станува збор за огромна бројка“ и дека е речиси двојно поголема споредбено со една година претходно, што според него се должи и на тоа што жртвите ги пријавуваат насилниците.
Надлежниот министер истакна дека потребно е дополнително да се заострат законските одредби за да не може насилникот да ѝ се приближи на жртвата или на потенцијалната жртва.
Ново на Сител
-
Намалени и извозот и увозот, трговскиот дефицит до ноември лани 2,9 милијарди евра
-
Над 400 луѓе спасени од под урнатините на Тибет
-
Трошоците на живот во 2024 година зголемени за 3.5%, а цените на мало за 3.8%
-
Поскапуваат бензините и дизелот
-
ВМРО-ДПМНЕ во мај ќе ги соопшти имињата на кандидатите за градоначалници за локалните избори
-
Оглас за пракса и вработување во утринската програма на Сител ТВ
-
Мицкоски: Цените на производите се следат, ако има потреба ќе интервенираме
-
Пронајдена автоматска пушка при претрес на дом на тетовчанец