Кси Џинпинг пред посетата на САД порача дека странските медиуми се целосно добредојдени во Кина
Кинескиот претседател Кси Џинпинг, кој идната недела ќе претстојува во прва посета на Соединетите Американски Држави, вчера во Пекинг го прими медиумскиот магнат Руперт Мурдок. Во Кина на оваа средба и се даде широк публицитет, а домашните аналитичари ја искористија и како повод да соопштат што очекува Кина од билатералните средби на првите луѓе на двете велесили и водечки економии.
На средбата со Мурдок кинескиот претседател изјавил дека неговата држава сега е целосно отворена за странските медиуми и дека се надева странските медиуми да ги поддржат заедничкото разбирање и соработката на кинескиот народсо народите од други држави.
Поголем дел од личностите што се во тимот за подготовка на посетата на Џинпинг денеска со изјави, или свои текстови објавија што се очекува од разговорите што во САД ќе се водат од вторник до петок. Една од најцитираите пораки денеска во Пекинг е ставот на Руанг Зонгзе, потпретседател на кинескиот институт за меѓународни студии, кој напиша дека односите на двете големи држави не се само соло танц од кинеска страна и дека САД треба доста да направат за да се поправи прилично негативното гледање на американските медиуми и јавноста кон она што се случува во Кина.
Ново на Сител
-
ФБИ: ДНК пронајдена на местото на убиството на Кирк му припаѓа на осомничениот Робертсон
-
Со нетрпение чекам да ја поднесат резолуцијата за црвените линии со Бугарија, ќе имаме наши позиции, вели Мицкоски
-
Мицкоски: Експертите ни говореа дека најмалку 7 дена ќе се гасне пожарот во Трубарево, ние го изгасивме за помалку од 30 часа
-
Со одлука на министерот Изет Меџити се затвора нестандардната депонија за отпад во Никуштак
-
Гиновска: Има надминување на дозволените вредности на гасовите во воздухот од пожарот во Трубарево, а за присуството на тешки метали ќе се знае во петок
-
ИЈЗ: Нема отстапки во вредностите за радијација во воздухот и почвата по пожарот во Трубарево, ниту тешки метали во водите
-
Двојно убиство и самоубиство попладнево во Велес
-
Победа на Андријано Димишковски во осминафиналето денес