Вкупно 27 лица, 25 демонстранти и двајца полицајци, настрадаа од 1. октомври кога почнаа протестите во Ирак.
Протестите во Багдад и во другите градови во Ирак се поттикнати од економски причини.
Полицијата денеска пукаше од огнено оружје за да ги растера демонстрантите кои палеа гуми на централниот плоштад во Багдад и покрај полицискиот час кој стапи на сила.
Протестот почна на 1. октомври на плоштадот Тахир во Багдад кога полицијата почна да фрла шок бомби и да пука со гумени куршуми и солзавец за да ги растера демонстрантите.