Крвава тепачка во Тетово
Вчера во 15.30 часот во Тетово на ул.„Благоја Тоска“, во близина на угостителски објект настанала расправија и меѓусебно туркање помеѓу Џ.Ф. (29) од Тетово Г.К. (31) од скопското село Петровец. Настанот го забележал полициски службеник, кој во моментот не бил на работа, и И.А.(46) од Тетово кои ги разделиле.
Како што денеска соопшти МВР, И.А. забележал дека Џ.Ф. во рацете има нож, се обидел да му го одземе, но ножот паднал на земја. Ножот го зел М.М. (25) од Тетово, кој, исто така, бил на местото на настанот и со истиот на И.А. му задал два удари во пределот на левиот бут и над бутот. А.Н. од Тетово (и тој бил присутен на местото на настанот) кон И.А. фрлил со бекатон коцка и го удрил во пределот на десната рака по што М.М. и А.Н. побегнале од местото на настанот.
И.А. бил префрлен во Клиничка болница Тетово каде му била укажана лекарска помош по што бил задржан на понатамошно лекување. Џ.Ф. бил приведен во ПС-Тетово и по извршениот разговор бил пуштен.
Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР-Тетово.
За настанот е известен и Јавен обвинител. Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.
Ново на Сител
-
Нема реконструкција на Владата пред локалните избори, изјави Мицкоски
-
Бензините и дизелот поевтинуваат за 0,50 денари по литар
-
Кисела Вода обезбедува финансиска помош за набавка на огревно дрво
-
Кешишев изјави дека не бил свесен за случувањата, иако бил „десна рака“ на Палчо
-
Кина вети стабилни односи со Јужна Кореја по отповикувањето на претседателот Јун
-
САД воведуваат вештачка интелигенција во воената авијација
-
ВМРО-ДПМНЕ: Со 18.000 гласови, Филипче нема легитимитет
-
18-годишник од Штип возел 114 на место каде што дозволено 50