-->
-->
Крвава тепачка во позната скопска кафеана на ул. Орце Николов, еден повреден
-->
![](/sites/default/files/styles/large/public/article/teaser-images/2018/april/noz-ubistvo-napad-174990.jpg?itok=DS3Ca96O)
Ноќеска околу 00,10 часот во Скопје во угостителски објект на улица „Орце Николов“ неколку лица кои седеле на терасата од угостителскиот објект, започнале меѓусебна расправија, а подоцна дошло и до тепачка помеѓу истите, по што две од лицата си заминале, но подоцна се вратиле и продолжиле со пресметката.
Сопственикот на објектот, П.П.(56) од Скопје се обидел да ги раздвои, при што едно од лицата со нож го прободело во пределот на зглобот од десната рака.
На повредениот во Градска општа болница „Св. Наум Охридски“ му е укажана лекарска помош.
Извршен е увид на местото на настанот, се работи на расчистување на случајот и пронаоѓање на сторителите.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Истрага од Комисија за судир на интереси против хрватскиот претседател бидејќи ја однел сопругата на ЕУРО 2024 во Германија
-
Времето лечи се | Катерина Ангеловска | Личен Развој | Sitel Podcast 047
-
На „Табановце“ се чека околу 15 минути за влез во државата
-
Нема промена на Рамката
-
Донесени дополнувањата на Законот за енергетика со кои треба да се спречи поскапување на струјата
-
Советници на Трамп му предале план за запирање на американската воена помош на Киев доколку не разговараат за мир со Москва
-
Предлог законот за дополнување на Законот за енергетика, по скратена постапка, проследен на натамошна постапка во Собранието
-
ЕУ ја продолжи заштитата на украинските бегалци до 2026 година