Македонија
14. December 2016 - 14:26

Крвава тепачка во Кичево за жена

Вчера во 17.20 часот во Кичево на ул. „Рудничка“ бил нарушен Јавниот ред и мир со тепачка помеѓу браќата З.Д. и Ј.Д. од Кичево од една страна и К.С. и неговата сопруга М.Д. (поранешна сопруга на еден од браќата) од друга страна.
 
Во тепачката К.С. со сигнален пиштол го удрил Ј.Д. во пределот на лицето, при што му скршил еден заб.
 
Кај М.Д. во чантата бил пронајден нож.
 
Причина за тепачката е разводот на М.Д. со еден од браќата.
 
Сите се приведени во ПС Кичево и се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.