Македонија
15. March 2018 - 13:19

Крвава тепачка во кафеана во Тетово, шестмина се здобија и повреди и со кривични пријави

Секторот за внатрешни работи Тетово поднесе кривична пријава против А.Р.(32), Е.З.(33), Б.Н.(32), М.Ѓ.(22), Ф.Д.(20) и С.Д.(18) за сторено кривично дело “насилство“.

На 04.минатиот месец, во угостителскиот објект во Тетово, по претходна вербална расправија помеѓу С.Д. и А.Р., настанала и тепачка, во која се вклучиле и останатите пријавени, а биле употребени метални предмети и делови од инвентарот од угостителскиот објект, при што со телесни повреди се здобиле сите пријавени како и неколку од присутните гости во објектот.