Крвава тепачка во делот за доживотен затвор во Идризово - Дино Диновски заврши во болница
Крвава тепачка пред нешто помалку од еден час избила во затворот во Идризово, поточно во делот каде што се сместени осудениците со пресуда доживотен затвор.
Според информациите, по претходна расправија избила тепачка меѓу 29 годишниот Андоновски Рубин и 47 годишниот Диновски Дино.
Во тепачката, Рубин со остар предмет му нанел убодна рана на Дино во пределот на ногата.
Со возило на амбулантната помош Дино е префрлен во Ургентниот центар во Скопје.
Инаку Дино Диневски е осуден за убиството на Сандра Китановска од 2006 година. Според пресудата, тој доби доживотен затвор откако ја нападнал девојката во близина на стариот Кванташки во Скопје, ја ограбил, ја силувал и ја задавил со фармерките.
Рубин Андоновски исто така е осуден за едно убиство и тоа од 2010 година врз кумановскиот бизнисмен Горан Трајановски. Покрај ова дело, тој е осуден и за обид за убиство кога со пиштол испука во главата на таксист.
Кои се причините поради кои избила тепачката немаме информации.
Од МВР го потврдуваат случајот но не откриваат повеќе детали
Ново на Сител
-
Определен притвор за четворица осомничени за пукањето во Тетово
-
Бела куќа: Трамп и Путин ќе имаат состанок в петок во Енкориџ
-
Свечена седница по повод 24 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор
-
Ангелов: Борбата со пожарот во ловиштето Јасен продолжува, успешно изгасната една линија, теренот останува критичен
-
Го живеам мојот сон, сакам да ме паметат по дела | Орце Ѓоргиевски | Неформално | Sitel Podcast 108
-
ЦУК: Активни пожари во Јасен, Свиларе, Радуша и уште четири локации
-
Студентската листа е 99 отсто завршена, во неа нема опозиција ниту влада, тврдат српските студенти во блокада
-
Израел тврди дека нема масовна глад во Газа