-->
-->
Крвава тепачка во Дебар почнала од црквата
-->

НК за КР Гостивар поднесе кривична пријава против Т.Г. (30) и Д.Г. (26), двајцата од с.Ростуше, гостиварско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка телесна повреда“ и против М.А. (61) од Дебар поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“ и „телесна повреда“ при вршење семејно насилство.
На 10. минатиот месец околу 16.00 часот во куќата сопственост на М.А. во с.Велебрдо, пријавените Т.Г. и Д.Г., откако претходно со употреба на физичка сила провалиле во истата, кршејќи ја влезната врата, влегле внатре по што и физички го нападнале М.А. удираќи го со тупаници, клоци и дрвен предмет по главата и телото, нанесувајќи му тешки телесни повреди.
Од преземените мерки, било утврдено дека, како причина за девијантното однесување било тоа што, истиот ден М.А. физички го нападнал нивниот дедо П.Ѓ. (79).
М.А. кривичните дела ги извршил на 10.09.2016 година околу 15.00 часот во просториите на црквата „Свети Ѓорѓија“ во с.Велебрдо, кој монтирал шанк во трпезаријата на црквата.
Истиот, прво започнал вербална расправија со оштетениот, а потоа и физички го нападнал, кој откако паднал на земја го удрил и со остар предмет, од што оштетениот се здобил со телесна повреда во пределот на главата.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Повреден 48-годишник при пукање во Арачиново
-

Приведен 48-годишник кој барал пари две години за да не објави интимни фотографии
-

Повозрасна жена нападнала малолетно девојче во Кисела Вода
-

Македонските одбојкари пред полни трибини на отворањето на ЕП во Софија
-

Сиљановска Давкова: 8 Септември трајна обврска за секоја генерација да ја направи подобра државата
-

Охридскиот аеродром со ново лице, поголем капацитет и подобри услови за патниците
-

Потпишан договор за соработка меѓу Државниот архив на Македонија и Хрватскиот државен архив
-

Мицкоски: Модернизиран охридскиот аеродром, подобрени услуги за патниците
