-->
-->
Крвава свадба: Најмалку 20 мртви во оружена пресметка
-->
Најмалку 20 лица се убиени, а десетмина се повредени во оружената пресметка што избувна за време на свадба, во Авганистан.
Крвавиот инцидент се случил во авганистанската провинција Баглан, на север од главниот град Кабул.
Во соопштението на полицијата се вели дека најголемиот број од жртвите се гости на свадбата, сите на возраст меѓу 14 и 60 години. Властите стравуваат дека бројот на убиените на крајот ќе биде многу поголем.
Авганистанските безбедносни сили покренаа своја истрага за целиот случај, но локалните власти објаснуваат дека овојпат не станува збор за напад од бунтовниците.
Пресметката избувнала откако бил застрелан роднина на еден од полициските функционери во провинцијата Баглан.
Повеќе од 400 гости биле собрани на венчавката на синот на угледен локален мула. Меѓу гостите биле и две групи кои долго време биле во меѓусебна караница.
Провинцијата Баглан со години на ред е цел на насилствата на авганистанските талибанци, но во неа често избувнуваат оружени пресметки кои се претвораат во краткотрајни војни, поврзани со локалните феуди и поради ривалитетот на разни криминални банди.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Teма на денот за традициите и чествувањето на Бадник
-
Православните христијани го чествуваат Бадник
-
Од најмладите најавено Христовото раѓање
-
Голем Бадникарски концерт во Струмица
-
Божикна порака од Архиепископот
-
Колку чини Бадниковата трпеза?
-
Лекарите советуваат да се јаде и пие умерено за празниците
-
Штипјанецот Александар Трајковски 17-та година по ред донира пакети со храна за Бадник и Божик