Македонија
25. August 2015 - 13:21

Крвава пресметка во центарот на Скопје

Одделение за насилен криминал поднесе кривична пријава до надлежното Основно Јавно Обвинителство – Скопје против И.М.(28) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“. Истиот кривичното дело го извршил на 20.07.2015 год. околу 19,30 часот  на бул.„Партизански Одреди“ поточно пред кафе бар, на тој начин што грубо го малтретирал оштетениот предизвикувајќи во јавноста чувство на страв и несигурност.

Имено според исказот на оштетениот додека стоел на плочникот пред кафе барот каде го чекал неговиот пријател со кого претходно седеле во објектот, во еден момент му пришол пријавениот и најпрвин физички го нападнал со тупаница и пивско шише кое го земал на една од масите, а потоа и со употреба на метална шипка продолжил да го удира по главата и телото, при што од здобиените повреди оштетениот паднал на плочникот, по што  И.М. го напуштил местото на настанот.

Оштетениот со Брза помош бил пренесен во Ургентниот центар каде му биле констатирани телесни повреди.

Од страна на СВР-Скопје излезено е на местото на настанот извршен е увид и подигнати се траги слични на крв, скршено стаклено шише и дел од метална шипка кои се предадени во МВР за понатамошно вештачење.

По утврдување на идентитетот на И.М. истиот е повикан во ПС и извршен разговор во врска кривично правниот настан во кој тој го негира извршувањето на кривичното дело, а од страна на оштетениот во присуство на Јавен обвинител извршено е препознавање при што оштетениот го препознал како лице кое го извршил  кривичното дело.

По претходно издадена Наредба за претрес на дом, извршен е претерес во домот на пријавениот при што не се пронајдени предмети кои потекнуваат или со кои е извршено кривичното дело.

Инаку против И.М. досега се поднесени три кривични пријави за извршени пет кривични дела од областа на имотни (тешка кражба) и сообраќајни деликити (загрозување на безбедноста на сообраќајот).