-->
-->
Крвава драма во Тетово: Малолетник избоден со нож
-->
Малолетник на 16 години бил физички нападнат и избоден со нож од група млади лица вчера во Тетово. Настанот се случил околу 21 часот на улицата „Јане Сандански“.
-Во СВР Тетово пријавено е нарушување на јавниот ред и мир со физичка пресметка на улица „Јане Сандански” во Тетово, во која, првично, учествувале повеќе лица, а едно малолетно лице било повредено со остар предмет. Служби на СВР Тетово се на местото на настанот и се преземаат мерки за расчистување на случајот, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.
Малолетникот бил пренесен во тетовската Клиничка болница за укажување лекарска помош.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Охрид има потенцијал за спелеолошки туризам
-
Преглед на вестите од светот
-
Тошковски нема да си даде оставка како што побараа денеска од СДСМ по двојното убиство, па самоубиство во Велес
-
Тема на денот со Панче Тошковски, министер за внатрешни работи
-
Недостигот на работна сила – сериозна закана за македонската економија
-
Втора половина на септември: Децата во Македонија немаат учебници по сите предмети
-
Уставниот суд не поведе постапка за упатството на ДИК
-
Мицкоски: Опозицијата прави предизборни конструкции поради безидејност