Балкан
20. December 2017 - 8:40

Крвав Свети Никола: Се скарале на маса и почнале да пукаат- двојно убиство за време на слава

Двајца мажи најверојатно се убиени со огнено оружје по кавга на семејна слава во Врање, Србија.

Според информациите на локалните медиуми, двојното убиство утрово било пријавено во полиција.

Според неофицијалните информации, убиените биле на слава кога почнале расправија која завршила крваво.

Нема информации за убиецот ниту пак дали е приведен од полицијата, која само го потврдила настанот и не соопштила детали.