Крушево ќе биде полно за празниците, навестува и добра зимска сезона
Крушево е полно и се бара легло повеќе за новогодишните и за божиќните празници. Ова го потврдуваат хотелиерите, менаџерите и локалната власт. Сè е резервирано. Пополнети се над 400 легла во хотелите и преку 600 во приватното сместување.
Според Андријана Ристеска, хотелиер и сопственик на хотелот „Монтана Палас“ во Крушево, сѐ е полно и се очекуваат гостите.
-Во пресрет на 2020 година, целосно се исполнети капацитетите на хотелот „Монтана“ и на Крушево. Се подготвуваме за одлична сезона, односно се надеваме дека временските услови ќе не послужат оваа година, како и топлата атмосфера кај нас, така и на скијачките патеки кои, се надеваме, ќе бидат на располагање и гостите ќе уживаат, рече Ристеска.
За градоначалникот на Крушево Томе Христоски, интересот за посета на највисокиот град на Балканот за празниците не е изненаување зашто има големи зафати за подобрување на туристичката карта, но е зголемен и бројот на туристите во споредба со минатите години.
-Крушево е подготвено за новогодишните празници. На 31 декември ја почнуваме годината со заедничка забава на градскиот плоштад „Никола Мартиноски“ со учеството на пејачката Викторија Лоба и на познати диџеи. Во Крушево од гостите се бара место повеќе и сместување, како во приватното сместување, така и во хотелите. Гостите за празниците очекувано се од државава, иако бројот на странските туристи се зголемува, истакна Христоски.
– Се реконструираа скијачките терени на „Станич“, со нов капацитет, ресторан, а Општината објави тендер за издавање нови ресторански услуги. Има заинтересираност. Ќе се реконструира полетувалиштето за параглајдеристи на Мечкин камен со нова контролна зграда. Од 2020 година Крушево станува главен тренинг-центар за параглајдерство. Особено што еден од главните производители на опремата за параглајдеринг ќе присуствува во Крушево, објасни Христоски.
Кристина Пејчиновска од Параглајдинг инфо-центарот од Крушево изјави дека во секоја сезона има простор за параглајдерство.
– За целата оваа сезона имаме комлетно исполнета резервација, зашто временските прилики овозможуваат параглајдинг и во зимски услови, рече Пејчиновска.
Крушевчани се задоволни од посетителите и туристите, но сметаат и дека е потребно поголема реклама за Крушево како зимски центар и центар за релаксација.
Ново на Сител
-
Флекс Кредит прогласен за „Најпосакуван работодавач“ во категоријата финансиски друштва за 2024 година
-
Скопјанец добил пари на рулет, па го искршил истиот, по што обезбедувањето на казиното физички го нападнало
-
Андовски: Уште двајца од пожарот во Кочани во релативно тешка состојба
-
Загина мотоциклист откако излетал од патот
-
62-ра жртва од пожарот во Кочани, во Белград почина Стојанче Стојанов
-
Женско бебе пони во ЗОО Скопје
-
Четири лица краделе предмети од објект на ЈП Железници со вкупна вредност од околу 1.239.000 денари
-
1507 сообраќајни прекршоци вчера и завчера на територија на цела држава, 259 за брзо возење