-->
-->
Крупни капитални инвестиции во македонското здравство
-->

Големи градежни инвестици има и во здравството, беше потенцирано на денешната презентација на отчетот на ВМРО-ДПМНЕ.
Лидерот на владејачката партија, Никола Груевски, потенцира дека кога се збори за здравството секогаш треба да се има сликата за тоа како беше порано и како е сега.
-Преку континуираниот процес на реформи, инвестиции и подобрувања сликата започна да се менува. Се набави опрема во износ од 100 милиони евра, што на здравствените институции им донесе нов квалитет кој го ползуваат и самите пациенти. Исто толку пари се вложија во изградба и реконструкции на болници. Се започна со процес на обука на медицински персонал, а исто така се овозможи и проект рурален доктор и мобилни аптеки со што здравствената заштита се доближи до секој граѓанин дури и оние кој што се од најодалечените рурани средини, рече Груевски.
Министерот за здравство, Никола Тодоров информираше за текот на градежните работи во неколку градови.
-Изградбата на клиничката болница во Штип започна. Тоа е една од најголемите капитални инвестиции во здравството. Вкупна инвестиција од 56 милиони евра, ќе биде готова за две години. ПЕТ центарот е инвестиција вредна една милијарда денари. Градбата заврши, сите вработени беа на обука. До крајот на септември почнува со работа. Се гради и „Свети Еразмо“, инвестиција вредна 215 милиони денари, рече Тодоров.
Тој повтори дека досега над 100 милиони евра се вложени во опрема, а 15 милиони евра само во минативе две години.
-Инсталирани се 11 мамографи во повеќе градови. Набавката на нова опрема го намалува времето на чекање. Порано се чекаше над 10 месеци за зрачна терапија, сега нема листа. За интервентна кардиологија, до 2006-та се чекаше 8 месеци, а сега се дава веднаш на оној на кој му е потребна, заклучи Тодоров.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

„Безбеден град“ стартува на 1 февруари, Тошковски ги обвини СДСМ и ДУИ дека ги ставиле партиските калкулации над човечките животи
-

Со едукација до свесно родителство | Марија Саздева | Личен Развој | Sitel Podcast 136
-

Претседателот на ФФМ Масар Омерагиќ го посети ФК Силекс на подготовките во Анталија
-

Почнаа руско-украинските преговори под покровителство на САД во Абу Даби
-

Во велешката болница било донесено починато шестогодишно дете од Градско
-

Кривична за управител на правно лице, со фалсификување документи го оштетил РЕК Битола за сума од скоро 90.000 евра
-

Пожарот кај Тутунски комбинат локализиран, нема повредени
-

Извршени првите тренажни летови со „Ер тракторите“ на Дирекцијата за заштита и спасување
