-->
-->
Крстосницата кај Собрание затворена за сообраќај во наредните три дена
-->
Градот Скопје известува дека почнувајќи од утре 10-ти октомври во 6 часот, па се до понеделник 12-ти октомври во попладневните часови, целосно затворена за сообраќај ќе биде крстосницата кај Собранието, односно крстосницата меѓу улиците „11 Октомври“ и „Даме Груев“, поради изведување градежни работи.
За сообраќај ќе бидат слободни само десното вртење од улицата „Даме Груев“ кон улицата „11 Октомври“ и десното вртење од улицата „Филип Втори Македонски“ кон улицата „Димитрие Чуповски“.
Автобускиот превоз ќе се движи по улиците „Даме Груев“ и „Филип Втори Македонски“.
Градот Скопје апелира до сите учесници во сообраќајот да го почитуваат воведениот режим на сообраќај и поставената патна сигнализација.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Бојан Кордалов, комуниколог
-
Избори во Германија, 630 пратеници за новиот состав Буденстагот
-
При градежни работи пронајден човечки труп
-
Затвореници со секојдневен излез се обиделе да внесат дрога и пари во Идризово
-
Преговори за откуп на тутун
-
Нема доволно водичи кои говорат германски јазик
-
Гејминг центар што обединува: Деца од различни светови, иста игра
-
Преглед на вестите од светот