Крсто Мукоски пуштен да се брани од слобода
Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Крсто Мукоски, кој беше во куќен притвор, од денеска е пуштен да се брани од слобода.
Апелациониот суд Скопје до Основниот суд Скопје 1 – Скопје, денеска достави решение со кое ја уважил жалбата на Крсто Мукоски, обвинет во предметот со КОК бр. 40/18 поврзан со настаните од 27 април 2018 година во Собранието на РМ со кое ја уважил жалбата изјавена против решението на Кривичниот совет. Судот го преиначил решението на советот со што ја укинал мерката куќен притвор, определена со решение на Врховен суд на РМ, продолжена со решение на кривичен совет при Основен суд Скопје 1 – Скопје. Судот му определил на Мукоски мерки за претпазливост – Одземање на патна исправа, односно забрана за издавање нова и Обврска обвинетиот повремено да се јавува на овластено службено лице во судот во Струга, соопшти Судот.
Претходно, од куќен притвор беше ослободен пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Сашо Василевски, кој е обвинет во случајот со настаните од 27 април лани во Собранието, и кој даде гаранција во недвижен имот. во вредност од околу 400.000 евра.
Од куќен притвор беше ослободен и пратеникот Љубен Арнаудов, така што сега нема ниту еден пратеник обвинет за насилствата на 27 април во притвор.
Ново на Сител
-
Автомобил ја проби блокадата во Белград и удри студент | ВИДЕО
-
Четири возила учествувале во сообраќајната несреќа на патот Куманово-Крива Паланка
-
Врнeжи од снег во Берово, Делчево и на планинскиот превој Плетвар, не се пречка за сообраќајот
-
Кривична за два полицајци - неовластено му го ограничиле движењето на турски државјанин
-
„Росавијација“: Авионот на „Азербејџан ерлајнс“ ја промени рутата поради густа магла и закана од украинските дронови
-
Обвинителството оформи предмет по допрен глас за изјавата на Мицкоски дека бил следен
-
Дурмиши: Доколку продолжат со зголемување на цените, одлуката за замрзнување на цените е подготвена
-
Протестен марш против аерозагадувањето утре во Скопје