Македонија
27. October 2015 - 9:22

Крпење ударни дупки на автопатот Гостивар-Тетово

На автопатот Гостивар-Тетово на потегот од наплатната станица Гостивар до наплатната Тетово денеска ќе се изведуваат градежни работи за крпење ударни дупки, информира Авто-мото сојузот на Македонија (АМСМ). Се препорачува внимателно управување со возилата и почитување на поставената сообраќајна сигнализација.

Од АМСМ информираат дека поради снимање на францускиот филм „A Fond“ денеска за сообраќај ќе биде затворен автопатот А1 на делницата од Градско до Неготино, а утре автопатот А1 на делницата од мотел „Македонија“ до Градско. Сообраќајот ќе се пренасочува по стариот пат.

Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози.