Спорт плус
12. November 2015 - 17:38

Кро Коп суспендиран поради допинг

UFC борецот Мирко Филиповиќ пред два дена објави дека става крај на професионалната кариера, а во четвртокот од САД пристигна информација која ја објаснува оваа негова одлука.
 
Американската антидопинг агенција (USADA), објави дека Филиповиќ е ‘потенцијален’ прекршител на прописите за допинг, поради што бил суспендиран од мечот во Сеул. Во Јужна Кореја на 27. ноември, Филиповиќ требаше да се бори со Ентони Хамилтон.
 
Ова е прв случај во UFC еден борец да биде суспендиран поради допинг.
 
„UFC соопштува дека мечот меѓу Мирко Кро Коп и Ентони Хамилтон во Сеул е откажан. USADA го извести Мирко Филиповиќ и UFC дека е привремено суспендиран поради можна злоупотреба на правилата на анти допинг агенцијата. USADA е независно тело кое ја спроведува анти допинг политиката. Во овој случај ќе се погрижи околу резултатите од тестот и ќе ја одреди казната во случајот со Кро Коп“, беше истакнато во соопштението.
 
Инаку, USADA и UFC не откриваат кога Кро Коп бил тестиран и на која суспстанца бил позитивен неговиот допинг тест.
 
Филиповиќ не криел дека користи лекови и крвна плазма за лечење на повредената тетива. Од профи кариерата се прости пред два дена на Facebook.