Македонија
14. јуни 2021 - 10:04

Кризниот штаб ги прифати препораките на КЗБ за олабавување на мерките

Главниот координативен КОВИД-19 кризен штаб ги прифати препораките на Комисијата за заразни болести за олабавување на мерките, почнувајќи од 16 јуни 2021 година и ги предлага на конечно усвојување на утрешната владина седница:

- укинување на ограничувањето на движењето;
- сите настани кои ќе се организираат на отворено, може да се организираат со капацитет до 1000 лица и искористување на просторот до 50%;
- се отстранува лимитот од 100 присутни лица на свадбите.

За препораките Владата ќе дискутира и одлучи на следната владина седница.

 

 

Ново на Сител