Кризата со коронавирусот може да се продлабочи, смета СЗО
Светската здравствена организација (СЗО) соопшти денеска дека пандемијата на коронавирусот може да стане многу потешка доколку сите земји не ги следат основните здравствени мерки на претпазливост.
– Дозволете ми да кажам отворено – премногу земји одат во погрешна насока, вирусот останува јавен непријател број еден, нагласи генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус, на видео брифинг во Женева.
– Ако не се следат основните правила, оваа пандемија ќе продолжи само на еден начин – ќе се влоши и ќе буде се полошо. Но, тоа не треба да се случи, рече тој.
Бројот на заразени со новиот коронавирус се искачи на повеќе од 13 милиони низ целиот свет до денеска. За само пет дена, бројот на случаи е зголемен за еден милион, а досега вирусот уби повеќе од половина милион луѓе.
Ново на Сител
-
Негативен природниот прираст и во градските и во селските подрачја
-
Трамп: Израел се согласи со условите за финализирање на 60-дневниот прекин на огнот во Газа
-
Американски извори открија дека Иран се подготвувал да го минира Ормускиот теснец
-
Во Собранието ќе заседаваат две комисии
-
Без струја делови од Гази Баба и Кисела Вода
-
Известителката на ПССЕ длабоко загрижена за ескалацијата на тензиите во Србија
-
Сончево и топло до 38 степени
-
Попладнево избувна голем пожар кај валандовско Грчиште, изгорени неколку штали