Кризата предизвикана од Ковид-19 го намали профитот на Дасо Авијација за 87 отсто
Со економската криза предизвикана од коронавирусот и нефункционирањето на воздушниот сообраќај, нарачките на летала се намалија за францускиот производител на воени и деловни авиони Дасо Авијација, јави дописникот на МИА.
Дасо Авијација соопшти дека неговата нето-добивка е намалена за 87 отсто, достигнувајќи 32 милиони евра, поради кризата предизвикана од епидемијата на Ковид-19.
– Некои наши клиенти го одложија датумот на испорака на авионите, но, исто така, нема ниту нарачки на авиони, изјави извршниот директор Ерик Трапие.
Економските последици од здравствената криза се „тешки“ и „имаат големо влијание“ врз пазарот на деловната авијација, нагласува Дасо Авијација. Во првата половина од годината, производителот на авиони им испорача седум борбени авиони „Рафал“ на Индија и Катар и 16 деловни од типот „Фалкон“.
Поради економските последици од епидемијата и намалената активност на воздушниот сообраќај, Дасо Авијација планира да испорача 30 авиони „Фалкон“ во 2020 година, што е една четвртина помалку од претходната.
Ново на Сител
-
СДСМ обвинува за спорни тендери во МВР
-
ВМРО-ДПМНЕ: Најголемите криминали во здравството во времето на Филипче
-
Останува рокот: Aвтопатот Охрид-Кичево готов до крајот на следната година
-
80% од храната што ја јадеме ја увезуваме - како до зголемено земјоделско производство?
-
Од 1-ви септември средно стручно образование за возрасни
-
Преглед на вестите од светот
-
Филипче повикува на средба
-
Тема на денот со проф. д-р Драган Данаиловски