Кризата околу Сирија ја покачи цената на нафтата
- Цената на нафтата го достигна досега највисокото ниво во изминатите три години, откако претседателот на САД Доналд Трамп се закани дека ќе лансира проектили врз Сирија. Вредноста на нафтата брент се искачи на 72 долари за барел, што е највисоко ниво од декември 2014 година.
Сирија самата не е голем производител на нафта, но во неа се води војна меѓу герилски групи поддржани од Иран и од Саудиска Арабија, и секое вжештување на тензиите ја зголемува опасноста од регионален, па и глобален судир меѓу Русија и САД.
Но, аналитичарите на пазарот на нафтата навестуваат дека зголемувањето на цената може да биде краткотрајно, имајќи го предвид веќе долготрајниот значителен пораст на производството на нафта во САД. Американските стратегиски резерви на нафта се зголемија за 1,8 милиони барели во изминатата недела, и изнесуваат 429,1 милион барели, соопшти Американскиот институт за петролеј. Аналитичарите очекуваа дека американските резерви во овој период ќе се намалат, а не пораснат.
Ново на Сител
-
Има ли Македонија функционален систем за социјално-ранливите семејства?
-
Тема на денот со Синиша Пекевски
-
Железницата Куманово-Бељаковце е пуштена во употреба
-
Преглед на вестите од светот
-
Близначиња починаа од глад и студ
-
Надзорот за смртта на 9-годишното дете е во тек - Политичките партии со меѓусебни обвинувања
-
Дел од маркетите ги замрзнаа цените на дел од основните производи во следните шест месеци
-
Синдикатот на УПОЗ бара средба со Владата