Криза на парламентаризмот?
РТС – Белград
Маркс сред дискусија за мејнстрим економијата во Капитал ја изнесува забелешката: „секоја наука би била непотребна кога појавниот облик и суштината на нештата непосредно би биле во спротивност”. Со други зборови, нештата главно не се такви какви што се чинат однадвор или со посредство на нашето директно искуство. Тоа е причина на нашата потреба за теорија.
Капитализмот е одличен пример на функционирање кое ја прикрива сопствената динамика. Пазарот на економијата претставува како едноставна размена на стока. Маркс ова го нарекувал создавање. Но, тоа го прикрива фактот дека во сржта на капитализмот е кражба, а дека самиот капитализам всушност не е собир на стока, туку низа од врски. Под превезот на пазарот се крие начинот на кој овие врски навистина функционираат: кој произведува стока, кој ја продава и каде одат парите.
Да ги погледнеме на пример платите. Ако за некоја работа те плаќаат по пазарна цена, тоа е налик на чесна приказна. Меѓутоа, шефот не те плаќа со полна цена за тоа што го произведуваш, туку само приближно толку колку што ти треба да се издржуваш. Остатокот од тоа што го произведуваш го присвојува како профит или вишок на вредноста. Тоа е она што го нарекуваме експлоатација.
Политиката и моќта
Да земеме уште еден пример, од сферата на политиката. Атомизацијата и чувството на немоќ кое повеќето од нас го искусиле во општеството не наведуваат да веруваме во тоа дека гласањето на подобри луѓе во парламентот е најлесен и најсмислен начин да се променат нештата.
Со оваа претстава постојат два суштински проблема. Всушност, центарот на моќта не се наоѓа во парламентот туку во конференциските сали на корпорациите и државните институции, како државните служби, судовите, медиумите, полицијата, па дури и војската. Сите тие институции се посветени на одржување на статус кво и сите тие се надвор од демократската контрола. Луѓето кои управуваат со нив ќе ја искористат целата своја моќ да спречат секаков обид за спроведување на суштински промени преку парламентот.
Ново на Сител
-
Пристапноста и натаму проблем за лицата со попреченост
-
Преглед на вестите од светот
-
По изборите одлука на Уставен за Законот за јазиците
-
Над 20 судии, обвинители и адвокати за судиското место во Стразбур
-
Тема на денот со Марјан Ристески, заменик министер за економија и труд
-
Средба Мицкоски - Таравари ќе има, Ахмети не разговарал со Алијанса за општини
-
Фетаи со честитка за „Слободна зона Карадак„ - Избриша видео со знаме на голема Албанија
-
Мерките завршија, граѓаните стравуваат од нагло поскапување во маркетите