Кривични за две лица осомничени за кражба на електрично броило
СВР Куманово поднесе кривична пријава против А.А.(20) од Куманово осомничен за сторено кривично дело „тешка кражба“ и против И.И.(48) од кумановското село Лојане осомничен за сторени кривични дела „помагање“ во врска со тешка кражба, „злоупотреба на службена положба и овластување“ и „фалсификување на службена исправа“.
На почетокот на 2012 година, соопшти денеска МВР, А.А. во зграда на ул. „Народна револуција“ извршил тешка кражба на електрично броило, кое подоцна го монтирал и приклучил на електрична мрежа во неговата викендичка на местото Пчински пат. И.И. во февруари 2012 година, иако знаел дека електричното броило е украдено, изготвил работен налог во кој внел невистинити податоци, го потпишал налогот и незаконски го регистрирал како да е корисник и како електричното броило да се наоѓа на локацијата од каде е украдено.
Ново на Сител
-
Идната недела пресуда за убиството на Вања и Панче
-
СДСМ избра дел од кандидатите за градоначалници
-
Тема на денот со Никола Димитров
-
Кратово доби мултинаменски спортски центар
-
Штипска Апелација одлучи предметот за „Пулс“ да го препрати на Врховен
-
Поранешните директори на Онкологија одат во притвор
-
Идната недела пресуда за убиството на Вања и Панче
-
Мерко осуден на казна од 10.000 евра за незаконско именување директори